Анадолу Ефес вечерва го пречекува Панатинаикос во дуелот на поранешните европски прваци, но никој не можеше ни да помисли дека ова ќе се претвори во кошмар за турскиот тим – поради тешки повреди на двајца високи кошаркари за нецело полувреме.
Прв настрада Османи, турскиот репрезентативец кој почна одлично, но веќе во третата минута се повреди по еден дуел со Џеди Осман. Првите информации говорат дека станува збор за дислокација на рамото, а доколку дијагнозата биде потврдена крилниот центар го очекува пауза од најмалку два месеца од терените.
Уште полошо мина центарот Папајанис, кој во втората четвртина заработи исклучиво сериозна повреда на коленото. Грчкиот центар со солзи во очите на носилки беше изнесен од теренот, а огромни се шансите тој воопшто да не се врати на терените до крајот на сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

