Турски медиуми: 18-годишниот Елмас му го чува столчето на Филип Коку

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас донесе мир во редовите на Фенербахче токму пред настапите на тимот во Лигата на Европа.

По очајните резултати на стартот од сезоната, Фенербахче дојде до гостински триумф од 0-1 против Коњаспор токму благодарение на Елмас кој погоди во 67.минута, само шест минути откако влезе во игра.

Потенцирајќи го значењето на Елмас за играта на Фенер, турските медиуми нагласуваат дека токму македонскиот фудбалер со донесената победа, на некој начин, го чува столчето на шефот на стручниот штаб Филип Коку.

„По слабите резултати, некако во воздух се појави и прашањето колку вака може Филип Коку да издржи на клупата на Фенербахче? Прашање ќе беше дали ќе остане на тренерската позиција доколку Фенер загубеше и против Коњаспор. Но, 18-годишниот Елиф Елмас е тој кој го чува столчето на холандскиот стратег“ – пишуваат дел од турските медиуми.

Се вчитува...