Турција во 98. минута го шокираше САД, и го „раздрма“ пред мечот со БиХ (ВИДЕО)

Турциија ги победи Соединетите Американски Држави со 3-2 (2-1) во последниот натпревар од Групата Д на Светското првенство.

На овој начин, избраниците на Винченцо Монтела се збогуваа со Светското првенство, каде што имаа големи очекувања, но не успеаја во обидите за пласман во елиминациската фаза.

Од друга страна, иако домаќинот на турнирот немаше резултатски императив, а Маурисио Покетино ги „измеша картите“ во составот, сепак ќе биде малку потресен од овој пораз.

Особено затоа што дојде по пресврт, со гол во осмата минута од судиското продолжение, иако беа покажани седум минути.

САД ќе играат со Босна и Херцеговина во осминафиналето во ноќта (2 јули) меѓу среда и четврток во 02 часот по средноевропско време.


Се вчитува...