Бираа меѓу селекторот и странецот, го избраа странецот

Уфук Сариџа повеќе не е селектор на турската репрезентација откако денеска беше соопштена разделбата од страна на тамошната федерација. Како што пренесуваат турските медиуми причината за тоа е Шејн Ларкин.

Кошаркарската репрезентација на Турција во играчот на Ефес гледа предводник на оваа репрезентација во иднина, што е спортивно од жебите на доскорешниот селектор. Изборот помеѓу селекторот и кошаркарот отиде во полза на Американецот. Вреди да се напомене дека Сариџа генерално не е против странци во турската репрезентација, откако лани инсистираше да му биде даден пасош на Скоти Вилбекин.

Квалификациите за Европско првенство во 2021 година, Турција ги започна со два пораза, а предводник на претстојните дуели со Хрватска и Холандија ќе биде Орхан Уне.

Се вчитува...