Турците не стравуваат од коронавирус: Дербито Галатасарај – Бешикташ ќе се игра пред полни трибини

Турскиот фудбалски сојуз не ги копираше одлуките на многу национални сојузи ширум Европа за прекин на националните првенства, или играње натпревари без публика.

Во Турција вчера беше потврден првиот случај на болен од коронавирус, па ниту граѓаните од оваа земја не се повеќе безгрижни. Но, Турција веќе од поодамна применува мерки на строга контрола поради што е и еден вид заштетено подрачје.

Турските медиуми денеска ги интересираше дали можеби големото дерби меѓу Галатасарај и Бешикташ, кое е на распоред во недела, ќе се игра без публика. Претседателот на фудбалскиот сојуз, Нихад Оздемир го даде одговорот на тоа прашање…

„Дербито ќе се игра со публика. Ги презедовме сите неопходни мерки, и нема никаква пречка да се игра со публика“ – рече Оздемир.

Па, во недела од 17 часот на стадионот „Али Сами Јен“ може да се очекуваат околу 50.000 навивачи.

Се вчитува...