У-17: Минимален пораз на вториот тест од Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години загуби од соодветната селекција на Црна Гора со 0-1 на вториот пријателски натпревар кој се одигра на теренот на ФФМ во Скопје.

По ремито (1-1) на првиот меѓусебен дуел, Црногорците триумфираа со погодокот на Марко Перовиќ во 63. минута од средбата.

Селекторот Тони Јакимовски на дуелот со Црна Гора настапи со следниот состав: Јовановски, Меличи, Стојанов, Ѓоргиевски, Назифи, Столевски, Каба, Аризанковски, Таири, Бундалевски и Сулејман. Уште играа и Талевски, Јовановиќ, Јаневски, Беќири, Јовановски, Нухија, Закоски и Величковски.

Се вчитува...