У-17: Реми на првата контрола со Црногорците

Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години ремизираше (2-2) против соодветната селекција на Црна Гора на првиот контролен натпревар кој двете селекции го играа во Подгорица.

Головите за репрезентацијата на Драган Канатларовски ги постигнаа Софијановски и Гуџуфи, од белата точка. Домашните фудбалери двата гола ги постигнаа со удар од белата точка.

Вториот пријателски натпревар меѓу двете репрезентации се игра во четврток (5. ноември) од 11 часот.

Се вчитува...