У-19: Пораз од Црна Гора на првиот тест во Скопје

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години загуби од Црна Гора минимално со 1-0 на првиот пријателски натпревар кој се одигра на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

Црногорците победија со голот на Алдин Мусовиќ во 65. минута од натпреварот. Избраниците на Шкумбин Арслани имаа неколку шанси за израмнување на резултатот, но истиот остана непроменет.

Вториот пријателски натпревар меѓу двете репрезентации ќе се одигра во четврток (12. ноември), исто така на стадионот во Ѓорче Петров од 11 часот.

Се вчитува...