У-19: Реми (1-1) на вториот тест со Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години ремизираше (1-1) на вториот пријателски натпревар со Црна Гора во рамките на подготовките за квалификациите за ЕП.

Избраниците на Влатко Гроздановски поведоа со голот на Бехар Фета во 36. минута, но противниците успеаја да израмнат за конечни 1-1 во 80. минута.

Претходно, како што е познато, Македонија на првиот меѓусебен тест со Црногорците славеше со 2-0 со головите на Грегори Давков од пенал во 54. минута и Фета Бехар во 69. минута.

Се вчитува...