Уапсени 11 лица за обид за убиство на Дарко Ковачевиќ, меѓу нив и екс-фудбалер на Реал Мадрид

Уапсени се 11 лица поради обид за убиство на поранешниот српски репрезентативец Дарко Ковачевиќ. Меѓу нив и поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Браво.

Раул Браво изминативе години организирал криминална група која се занимавала со местење натпревари и перење пари ширум Европа. Поради тоа и често бил зад решетки, а по излегувањето од затвор се одлучил да оди и чекор понатаму одлучувајќи да го замолкне Ковачевиќ. Токму поради тоа Раул Браво е првоосомничен за обидот за убиство, на тој начин сакајќи да го замолкне Ковачевиќ кој често во јавноста зборувал за неговите сомнителни активности околу местењето натпревари.

Покрај Раул Браво зад решетки се најдоа уште десет лица. Од Обвинителството најавуваат повеќе детали за целиот случај наредниве денови.

Ковачевиќ и Браво беа соиграчи во Олимпијакос во периодот од 2007 до 2009 година.

Се вчитува...