Убав гест – Фудбалер на Партизан ги честеше сите вработени со по 150 евра

Фудбалерот на Партизан, Милош Јојиќ се одлучи на убав и несекојдневен гест, решавајќи по повод претстојните празници да подари по 150 евра на сите вработени во спортскиот центар „Телеоптик“.

“Прво сакам да се заблагодарам на новинарите кои објавија за оваа моја одлука иако мојата намера не беше овој гест да биде во прв план низ медиумите и јавноста. Мојата главна цел беше да ја неутрализирам негативната атмосфера предизвикана од корона, и со овој гест да ги разубавам празниците на овие луѓе кои ги познавам повеќе од 20 години, изјави Јојиќ.

Во Спортскиот центар „Телеоптик“ има 55 вработени, а секој од нив е награден со сума од 150 евра.

“Морам да кажам дека ова го направив од душа, така како што чувствував во моментот. Ова е еден вид благодарност до моите колеги. Ние скоро секоја недела организираме хуманитарни настани, а сега се одлучив ваква помош да дадам на моите пријатели, изјави Милош.

Фудбалерот на Партизан, потенцираше и дека ситуацијата во клубот е стабилна и дека платите не доцнат.

“Овој гест не треба да биде разбран и ставен во лоша конотација, зошто така се создава негативна слика и атмосфера за клубот. Ние сме големо семејство, една куќа, и без оглед дали имаме индивидуален или колективен придонес, се што правиме е од срце“, заклучи Јојиќ.

Се вчитува...