Убавата страна на фудбалот: Лутон испадна, но доби овации од цел стадион (видео)

Во години во кој хулиганството зема се поголем залет, а навивачите се користат и со насилнички методи кога не се задоволни од резултатите на својот тим, вистинско освежување е гестот на фановите на Лутон, кои бурно го поздравија својот тим и покрај денешниот резултат кој значеше и испаѓање од Премиер-лигата.

Лутон загуби од Вест Хем, што значеше и крај на сонот за опстанок, по мечот оваа екипа се упати на трибината пред своите навивачи, каде тренерот Едвардс и неговите избраници беа со овации поздравени, а фановите истакнаа и банер „Горди сме на вас“.

Едвардс и дел од фудбалерите се расплакаа, а прекрасните сцени ги надополнија и фановите на Вест Хем, кои со аплаузи ги испратија играчите на Лутон додека се упатуваа кон соблекувалната.

Се вчитува...