Удар за Наполи: Се повреди Виктор Осимен

Продолжението на сезоната во Калчо-лигата по репрезентативната пауза донесе и голем проблем за Наполи, откако Виктор Осимен заработи незгодна повреда.

Нигерискиот репрезентативец се врати во Неапол здрав, но настрада на вчерашниот тренинг на „наполитанците“. Денешните лекарски прегледи покажаа проблем со мускулот, по што според првичните прогнози одличниот голгетер ќе паузира најмалку една седмица од фудбалските терени.

Ова значи дека Осимен ќе го пропушти неделното дерби против Милан, а крајно неизвесен е и неговиот настап на првиот четвртфинален меч од ЛШ, исто така против Милан, закажан за 12 април.

Се очекува во отсуство на Осимен шанса од првата минута во нападот на „наполитанците“ да добие Џовани Симеоне.

Се вчитува...