Претседателите на УЕФА, Александер Чеферин, и на КОНКАКАФ, Виктор Монтаљани, побараа од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, секоја од 211-те членки на Светската фудбалска федерација да добие 10 милиони долари од финансиските резерви на ФИФА.
Чеферин и Монтаљани наведоа дека ФИФА, по Светското првенство кое летово се одржа во САД, Канада и Мексико, би требало да располага со резерви од околу шест милијарди долари. Предложената еднократна распределба би изнесувала вкупно 2,1 милијарда долари.
Средствата би биле наменети за развој на фудбалот и инфраструктурата, а исплатата би била дополнување на веќе ветените средства од програмата „ФИФА Форвард“. ФИФА претходно најави дека секоја членка за периодот 2027–2030 година би требало да добие до 20 милиони долари преку оваа програма.
Тие исто така побараа и целосна и независна анализа на финансиите на ФИФА пред следниот состанок на Советот на ФИФА, кој е закажан за 15 октомври во Цирих.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
