УЕФА ќе го крати преодниот рок: Премногу долго трае неизвесноста

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) планира да го скрати траењето на летниот преоден рок. Ова го потврди првиот човек Александар Чеферин. Мислењето е дека преодниот рок мора да биде финиширан пред да стартуваат националните првенства.

„Знам дека оваа дискусија за скратувањето на преодниот рок ќе предизвика разни коментари ширум Европа и ние ќе ја следиме ситуиацијата. Од мој агол, не е добро фудбалерите да играат за еден клуб кога ќе почне сезоната, а потоа за друг, откако ќе затвори преодниот рок. Долг период трае неизвесноста и тоа не е добро и за клубовите и за фудбалерите“, изјави Чеферин.

Во најголемиот дел на земјите, летниот преоден рок трае од 1.јули до 1.септември.

Се вчитува...