УЕФА одлучи: Белград, град домаќин на големо европско финале

УЕФА на денешниот состанок на извршниот комитет одржан во Солун ги избра градовите домаќини на финалињата од европските купови за наредните години.

Белград и Србија ја добија довербата да бидат домаќини на големотто финале во Лигата на Европа во 2029 година, откако овој град беше избран пред Лион, Торино, Букурешт и Анкара. Мечот за трофејот ќе се игра на Националниот стадион во Белград што се уште е во изградба, но би требало да биде финиширан до крајот на 2027 година.

Според најновата одлука на УЕФА, Минхен ќе биде домаќин на големото финале во ЛШ во 2028 година, а во 2029 мечот за европскат акруна ќе се игра на „Камп Ноу“ во Барселона.

Букурешт ќе биде домаќин на финалето во Лигата на Европа во 2028, а Белград во 2029 година.

Финалето од Конференциската лига на УЕФА во 2028 година ќе се игра на стадионот на Јувентус во Торино, а една година подоцна мечот за трофејот во ова натпреварување ќе биде одигран во Будимпешта, на „Пушкаш Арена“.

Се вчитува...