УЕФА парите од казните за „Суперлигашите“ ќе ги дели и на македонските клубови!?

Девет од вкупно 12 клубови основачи на Суперлигата на Европа одлучија да искажат приврзаност на УЕФА и да се откажат од новонајавеното натпреварување. Со тоа УЕФА ќе ги намали нивните казни, но ќе останат паричните казни за сите нив. До тие средства би можеле да дојдат и македонските клубови, како што информираат дел од европските медиуми.

Според најавите, УЕФА планира парите од казните за „суперлигашите“, некаде околу 15 милиони евра, како и оние 5% заработка од УЕФА без која ќе останат за сезоната 2023/24, да ги подели на останатите клубови од Стариот континент кои се под нејзина ингеренција. Или вкупно околу 50 милиони евра се планира да бидат поделени на клубовите ширум Европа.

Распределбата на парите, согласно првичните размислувања, ќе биде според европските резултати во последните пет години и ќе бидат исплатени во сезоната 2023/2024.

Се вчитува...