УЕФА во страв: Суперлигата се враќа со помош на милионите од Саудиска Арабија!?

Идејата за создавање на европска Суперлига многу брзо пропадна, откако од проектот се повлекоа голем дел од клубовите. Најупорни беа Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, но и нивната желба згасна уште пред да биде целосно имплементирана.

Меѓутоа овие денови се појави нова надеж за формирање на натпреварување во кое ќе учествуваат најдобрите клубови, а таа би се формирала со помош на Саудиска Арабија, која е најсилен адут во оваа приказна.

Откако успеаја кај себе да ангажирираат некои од големите имиња како Роналдо, Канте, Бензема, а ги бараа Меси, Модриќ, Лукаку и уште неколку, сега како што тврди италијанскиот „Тутоспорт“ арапската држава е подготвена за организирање на фудбалска Суперлига!

Саудијците како најсилни адути, покрај парите, ги сметаат екипите на Барселона и Јувентус. Двата клуба се пред суспензија од УЕФА поради финансиски малверзации, па неможноста да настапуваат во натпреварите под УЕФА, би било привлечна можност за учество на едно вакво натпреварување во Саудиска Арабија.

Италијанците пишуваат дека во УЕФА веќе владее страв, не поради потенцијалното заминување на двата гиганти на Блискиот Исток, туку поради фактот што Саудијците во проектот сакаат да внесат и некои клубови кои не успеаја да излезат во ЛШ како што се Челси и Тотенхем. За Арапите парите не се проблем, само останува да се види дали и како ќе се реализира оваа идеја.

Се вчитува...