Уффф, ова болеше – како се повреди Стеф Кари (видео)

Голден стејт скапо ја плати победата над Њу Орлеанс, откако пред самиот финиш незгодна повреда заработи Стеф Кари. Извонредниот шутер настрада при игра во одбрана, откакo во обид да украде една топка згазна на ногата на противничкиот играч

Иако се обиде да продолжи, веднаш стана очигледно дека проблемот е сериозен и Кари мораше да го напушти теренот. Тој на штаки ја напушти салата во Њу Орлеанс, а за среќа лекарските прегледи покажаа дека не станува збор за кинење, туку само за истегнување на лигаментите во скочниот зглоб.

Двократниот МВП одново се запиша во книгите на најсилната кошарска лига во светот, со тоа што стигна до бројката од 2000 тројки, побрзо од било кој играч низ историјата. На плејмејкерот на „воините“ му беа потребни 597 натпревари да стигне до овој рекорд, со тоа што го тргна Реј Ален од врвот, кој до бројката од 2000 стигна по 824 натпревари.

Се вчитува...