УГД Штип е освојувач на одбојкарскиот куп на Македонија

Одбојкарите на Штип УГД се новите освојувачи на Купот на Македонија oткако во големото финале пред домашна публика штипјани направија сензација совладувајќи го бранителот на двојната круна, екипата на Струмица со 3-2 по сетови 22-25, 25-222, 19-25, 25-21, 15-13).

Извонреден настап имаа Задмард со 26 и Стефан Алексов кој финалето го заврши со 21 поен. Кај Струмица најефикасен беше Ом Хени со 28 поени.

За тимот од Штип ова е прва историска титула во Купот на Македонија.

Се вчитува...