Украина се спаси од срам против Малта, поранешниот вардарец херој на Ерменија

Украина далеку потешко од очекувањата ја запиша втората победа во квалификациите за Евро 2024 откако во Трнава славеше со 1-0 против Малта.

До погодокот Украинците стигнаа од пенал во 72. минута кога мрежата ја затресе Циганков. 20. минути претходно шанса од белата точка имаше и Јармоленко, но доскорешниот фудбалер на Вест Хем Јунајтед ја погоди пречката.

Standings provided by Sofascore

Ерменија се радуваше на победа против Летонија од 2-1 благодарение на голот на поранешниот фудбалер на Вардар, Тигран Барсегјан во 89. минута, додека Финска стигна до третата победа на четирите одиграни натпревари откако славеше со убедливи 6-0 против Сан Марино.

Се вчитува...