Украинецот Шевченко е победник на „Скопскиот маратон 2020“, Дарио Ивановски – втор

Украинецот Сергеј Шевченко, во конкуренција на 1.500 вљубеници во трчањето, е победник на годинашното издание на „Скопскиот маратон“. Во отсуствот на атлетичарите од Кенија, кои традиционално изминативе години победуваа во Скопје, сега Шевченко триумфираше со личен рекорд од 2:22.49 часа.

На второто место заврши најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски со време од 2:31.16 часа, на тој начин победувајќи и на Државното првенство на Македонија во маратон. Трет, пак, заврши Србинот Кристијан Тошиќ,  со време од 2:39.37 часа. Зад водечката тројка завршија македонските атлетичари Александар Кираџиев, Марјан Бонев, Кокан Ајановски и Сашо Богојевски.

Кај дамите најдобра беше албанската атлетичарка, Луиза Гега, со време од 2:35.34 часа, додека во полумаратонската трка во женска конкуренција победи Миљана Ристиќ со време 1:26.31 часа. Во полумаратонот во машка конкуренција победи македонскиот атлетичар Атанас Анчевски, со време од 1:14.09 часа.

Се вчитува...