Ули Хенес го „запука“ Озил: Последниот дуел што го добил беше во 2014 година

Месут Озил одлучи да ја напушти фудбалската репрезентација на Германија поради навредите што ги доби од фановите по дебаклот на националниот тим на Светското првенство во Русија. Тој објасни дека заминува затоа што веќе не се чувствува убаво кога го носи дресот на Германија, затоа што е цел на расистички и политички навреди од јавноста. Но, еден од водечките луѓе на Баерн Минхен и германска фудбалска легенда, Ули Хенес, смета дека Озил сака да манипулира со јавноста.

„Кога Озил го одиграл последниот квалитетен меч во репрезентацијата? Јас ви велам, поминаа веќе неколку години. Последниот дуел што го има добиено на теренот е во 2014 година. Тој само сака да манипулира со медиумите и со јавноста“, изјави Ули Хенес, напаѓајќи го Озил за своите игри во последниот период.

Фудбалерот на Арсенал доби огромни критики од јавноста и поради појавувањето со Реџеп Ердоган, турскиот претседател. Поради тоа беше наречен и ’предавник’ во дел од јавноста.

Се вчитува...