Шпанскиот стратег Унаи Емери и во следните пет години ќе биде дел од Астон Вила откако денеска официјално ја продолжи соработката со Премиерлигашот до 2029 година.
Емери седна на клупата на Астон Вила во ноември 2022 година наследувјаќи го Стивен Џерард. Тимот се наоѓаше во тешка ситуација и се бореше за опстанок, а по доаѓањето на Шпанецот успеа да се препороди и да заигра во Европа. Оваа сезона го доживеа и најголемиот успех во поновата историја пласирајќи се во Лигата на Шампионите.
Aston Villa are thrilled to announce Manager Unai Emery has agreed a new five-year contract! ✍️
— Aston Villa (@AVFCOfficial) May 27, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА