Унгарија и Русија само чудо може да ги спречи да не се најдат на „Светско“, Црногорките во добра ситуација, реми на Австрија и Полска

Селекциите на Унгарија и Русија веќе ги „чекираа“ своите карти за престојното Светско првенство откако во првите бараж дуели забележаа убедливи победи над Италија, односно Турција.

Унгарија до преубедлива победа од 46-19 ја предводеше Клујбер со десет погодоци, додека Дмитрова со шест гола беше прв стрелец за Русија со победата од 23-35 на гостувањето во Аксарај.

Во добра позиција се наоѓа и Црна Гора која пред гостувањето во Белорусија има предност од шест гола (29-23) стекната во мечот одигран во Подгорица. Црногорките беа подобар противник во второто полувреме кое го добија со 15-10.

Убедливо најнеизвесниот меч беше одигран во Австрија каде по 60. минути, Австријките и Полјакините не можеа да го одлучат дуелот (29-29). Нидхард беше предвоничка на домашната селекција со осум гола, додека Носек постигна шест за гостите.

Се вчитува...