Унион Берлин го прозва Јамал по дебаклот од Баерн: Зарем не можеше да молчи?

Фудбалерите на Унион Берлин доживеаја дебакл на гостувањето кај Баерн Минхен во првиот натпревар од четвртото коло во Бундеслигата.

Актуелниот германски шампион славеше со убедливи 7:0, а по тешкиот пораз се огласија од Унион Берлин на социјалните мрежи и на сатиричен начин ја прознаа ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал.

Tие се запрашаа зошто играчот на Барселона не „молчеше“ и не ги прозва Хари Кејн и Михаел Олисе дека не се сериозни кандидати за „Златната топка“.

“Зарем тоа 19-годишно момче не можеше едноставно да молчи? Кејн и Олисе одиграа неверојатно и покажаа дека се материјал за „Златната топка“, стоеше во сатиричната објава на Унион Берлин на социјалните мрежи.

 

 

Се вчитува...