Урнебесна реакција на Гвардиола по големата шанса на Тотенхем (ВИДЕО)

Манчестер Сити вечерва го совлада тимот на Тотенхем со 0-2, и така се доближи до нова титула во Премиерлигата. Дуелот го одбележаа многу дуели, нервозни реакции на играчите, како и необична реакција на тренерот Пеп Гвардиола.

Менаџерот на Сити падна на земја кога играчот на Тотенхем, Сон излезе сам пред голот на Сити, но голманот Ортега успеа да му го одбрани неговиот шут. Инаку Ортега го замени Едерсон, а Бразилецот беше крајно незадоволен од тоа што беше заменет, но подоцна ќе се покаже како исправен потег затоа што резервниот голман одбрани два зицери.

Двата гола ги постигна Халанд. Едниот во 51. минута на асистенција на Де Брујне, а вториот во 91. минута од пенал.

Се вчитува...