Урнебесно: Како Зидан го прослави победничкиот гол на Олис (видео)

Французите долго се мачеа да го скршат отпорот на Белгија, а кога тоа се случи – ерупција од среќа на клупата на „триколорите“ по погодокот што во самиот финиш го постигна Олис.

Селекторот Зинедин Зидан полуде од среќа, почна да трча крај аут-линијата, па со сета сила ја шутна топката што му се најде на патот.

И после некој ќе каже, Лигата на Нации не била толку важно. Прашајте го Зизу…

Се вчитува...