УРНЕБЕСНО: Мегваер почна да бара играње со рака против својот тим! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед успеа да загуби и од тимот кој е во најлоша форма во Премиер-лигата Евертон, на гостувањето во натпревар од 32. коло со 1-0.

Голот за три бода беше дело на младиот фудбалер Ентони Гордон, чив удар заврши во телото на Хари Мегваер и го промени правецот на топката која заврши во мрежата на Давид де Хеа.

Мегваер е еден од најлошите фудбалери на „црвените-ѓаволи“ сезонава, а фановите само чекаат нешто да направи за да му фаќаат сеир.

Имено во второто полувреме од мечот при едно играње на Немања Матиќ со рака, тој му сигнализираше на судијата за тоа, како играч на Евертон да го имал недозволениот контакт со топката.

 

Се вчитува...