УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Атлетската јавност „врие“ а селекторот Вучков со кече на глава оро си вие!

Изминативе денови добар дел од домашната атлетска јавноста „врие“ по списокот кој беше подготвен од  Атлетската федерација на Македонија на потенцијалните олимписки кандидати за ОИ 2020 во Токио што ќе биде доставен во Македонскиот олимписки комитет. Селекторот Ѓорѓи Вучков избра по шест атлетичари и шест атлетичарки како потенцијални кандидати за Токио, но неговиот избор предизвика бурни реакции во атлетската јавност бидејќи на списокот се и тројца атлетичари кои веќе настапиле на ОИ со вајлд-карта кои според правилникот на МОК немаат право повторно по втор пат да учествуваат на Олимпијада без исполнета олимписка норма.

И, додека дел од атлетските работници се борат правдата да ја изнесат на површина, до нашата редакција пристигна видео на кое селекторот Ѓорѓи Вучков токму во тој период на „турбуленции во атлетиката“, онака опуштено, со кече на глава оро си вие…

И се би било во ред, ако тоа би било приватна забава… Но, ако се работи за официјално учество на македонска репрезентација на митинг во Елбасан, Албанија, со право се поставува прашањето дали е ова начинот на кој еден селектор гради авторитет пред своите репрезентативци и членови на експедиција при официјално претставување на земјава надвор од нејзините граници?

Инаку, за добар дел од нашата атлетска јавност, „спорни“ на списокот на потенцијалните олимписки кандидати за Токио 2020 се олимпијците од Лондон, Ристе Пандев и Кристијан Ефремов, како и Валбона Селими која беше меѓу олимписките стипендисти за ОИ во Рио, а според тренерот на АК Пролет, Кристијан Кајчевски, спорен е и резултатот со кој е пријавена атлетичарката во скок во височина, Ирена Темова.

Се вчитува...