УС Опен: Надал продолжува победнички, Швјонтек во 1/8 финале

Рафаел Надал го продолжува походот кон грен-слем титула во Њујорк, што за Шпанецот би била 23-та во кариерата. Тој рутински стигна до 1/8 финалето во УС Опен, затоа што немаше никакви проблеми во дуелот со Ришар Гаске. Беше тоа лесен тренинг на Надал, кој по 18-ти пат го совлада Французинот во меѓусебните дуели.

Шпанскиот тенисер на крајот славеше 3-0 во сетови 6:0, 6:1 и 7:5. Прашањето околу победникот не беше доведено во прашање во ниту еден момент.

Во следното коло продолжува и Синер од Италија, кој го совлада Накашима од САД со 1-3 во сетови. Пласман меѓу најдобрите 16 обезбедија и Чилиќ, Ивашка, Тиафо, Алкараз, Рублев, Нори, Медведев и Кирјос. Денеска се играат останатите дуели.

Во женскиот дел од турнирот, Швјонтек немаше проблеми против Дејвис и ја совлада со 2-0. Понатаму одат и Плишкова, Сабаленка. Нимејер и Колинс. Вчера пласман во следната фаза во жени обезбедија и Азаренка, Пегула, Квитова и Гарсија.

Се вчитува...