УС Опен: Плишкова лесно против Линет, дождот го прекина мечот меѓу Свитолина и Синаникова

Првата носителка на ВТА листата, Каролина Плишкова лесно стигна до пласман во следното коло од УС Опен, откако триумфираше над Магда Линет, со резултат од 2-0 (6-2, 6-1). Украинката уште на стартот делуваше фуриозно, со искористените брејк шанси  за триесетина минути направи предност од 4-1, а во првиот сет загуби уште само еден гем, победувајќи со резултат од 6-2. Плишкова продолжи со темпото и по принудната пауза поради дожд, па без проблеми го освои вториот сет со 6-1. вреди да се напомене дека, Плишкова пред почетокот на Гренд слемот најави дека ќе донира по 200 евра од секој освоен ас, па така светскиот рекет број 1. во женска категорија со два освоени аса засега собра 400 евра.

Елина Свитолина имаше перфектен почеток во мечот против  42. носителка на ВТА, Катерина Синаникова. Превземајќи ја иницијативата со три освоени брејка и 6-0 во првиот сет, се чинеше дека четврторангираната Свитолина ќе триумфира без дополнителни потешкотии. Сепак Синаникова не дозволи дебакл два сета во низа, иако загуби два гема на свој сервис на стартот, одговори на секој предизвик. По негатива од 5-3, искористи брејк шанса и го превзеде водството со резултат од 6-5,  но Свитолина не дозволи изненадување, па следуваше тајбрејк (6-6). Сепак средбата мораше да се прекине поради очекуваниот дожд, кој прави проблеми и на други терени, а мечот помеѓу Свитолина и Синаникова веројатно се одложува за утре.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Џ. Брејди – А. Петковиќ 1-0(6-4, 3-4 – одложено)

В. Сепед – Н. Гибс 1-1(0-6,6-1,0-1 – одложено)

К. Канепи – Ф. Скиавоне 0-1(0-6, 4-2 – одложено)

К. Керкхов – С. Кирсти 0-2(1-6, 3-6)

М. Никулеску – К. Младеновиќ 1-0(6-3, 1-1 – одложено)

Ј. Остапенко –  Л. Арубарена 1-1(6-2, 1-6, 3-1 – одложено)

Б. Стрикова – М. Дои 2-0(6-1, 6-3)

Л. Цуренко – Ј. Викмајер 0-2(3-6, 1-6)

Се вчитува...