Уште еден „милионер“ се сели во Арсенал

Арсенал во јануари го доведе Пјер Емерик Обамејанг, а „топчиите“ веќе договориле уште еден трансфер со раководството на Борусија Дортмунд. Станува збор за Сократис Папастатопулос, во кого раководството на Арсенал гледа решение за проблемите во одбраната со кои лондонскиот клуб се соочува со години наназад.

Информацијата ја објави германскиот весник „Билд“, кој тврди дека сите детали од трансферот се веќе договорени откако Борусија ја прифатила понудата од 20 милиони евра за услугите на грчкиот дефанзивец. Поранешниот главен скаут на Борусија, Свен Милсинтант, сега работи во Арсенал и токму тој е главниот „виновник“ за овој трансфер. Милсинтат пред неколку години го доведе Папастатопулос во Борусија од редовите на Вердер, а сега инсистирал Гркот да му се приклучи и во Лондон, како засилување за одбранбената линија во која Кошиелни и Мустафи не функционираат најдобро.

Борусија во јануарскиот преоден рок го доведе Аканжи од Базел како најскап дефанзивец во клупската историја, од почетокот на сезонава го има во своите редови и Омер Топрак, па „милионерите“ како замена за Сократис ќе бараат млад играч кој нема да бара сигурен првотимски статус. Според германските медиуми, високо на листата со желби на клубот од Дортмунд се наоѓа 20-годишниот Бенковиќ од Динамо Загреб.

Се вчитува...