Уште еден српски тренер остана без клуб во Евролигата!

Српскиот тренер Игор Кокошков доби отказ од функцијата главен тренер во турскиот Анадолу Ефес. Откако вчера Жељко Обрадовиќ се повлече од клупата на Партизан, сега и Кокошков доби отказ по лошите резултати на својот тим во Евролигата.

Ефес преку соопштение му се заблагодари на Кокошков за соработката.

„Како спортски клуб Ефес, се разделивме со г-дин Игор Кокошков. Му благодариме за неговиот придонес во нашиот клуб и му посакуваме успех во следната фаза од неговата кариера. Нашиот тим ќе продолжи со својата работа под водство на Радован Трифуновиќ додека не се назначи нов главен тренер“, соопштија официјално од Ефес.

Ефес е на 15-та позиција во Евролигата со пет победи и осум порази. Последниот пораз од 36 поени од Монако беше повод турскиот клуб да се одлучи за промена. Дополнително, Ефес доживеа и три порази по ред и во турското првенство.

Се вчитува...