Уште еден тенисер исфрлен од Вимблдон поради Ковид-19

Продолжуваат проблемите за организаторот на третиот гранд-слем турнир во сезоната, Вимблдон. Откако пред два дена поради позитивни тестови на Ковид-19, Хрватот, Марин Чилиќ и Италијанецот, Матео Беретени мораа да го напуштат турнирот, сега истото му се случи и на шпанскиот тенисер, Роберто Баутиста-Агут.

Шпанецот денеска требаше во 2. коло да игра со Колумбиецот, Галан-Риверос кој директно ќе обезбеди пласман во 3. коло.

„Го известив Вимблдон околу моето повлекување бидејќи сум позитивен на Ковид-19. За среќа симптомите не се озбилни, но мислам дека ова е најдобра одлука. Благодарам на поддршката и се надевам дека ќе се вратам брзо“, напиша Баутиста-Агут. 

Се вчитува...