Уште една легенда во „Куќата на славните“ на ПЛ – Фановите на Ливерпул се горди на својот капитен

Стивен Џерард се приклучи меѓу легендарните фудбалери кои обезбедија место во „Куќата на славните“ во Премиер лигата. Кога беше објавена идејата за Англија да има „Дом на славните“, веднаш беа истакнати две имиња. Алан Ширер и Тиери Анри, кои први се преселија во „куќата на бесмртните“.

На списокот на кандидати беа и 23 други имиња за кои можеше да се гласа. Потоа на Ширер и Анри им се придружија Ерик Кантона и Рој Кин, по нив следуваа Френк Лампард и Дејвид Берgкамп, а седмиот член е Стивен Џерард.

Toj го носеше дресот на Ливерпул цели 17 години, постигнувајќи 120 гола и 92 асистенции на 504 натпревари во лигата. Заедно со Џејми Карагер кој одигра 508 натпревари во Премиер-лигата, Џерард е единствениот играч на Ливерпул со 500 или повеќе настапи во домашното натпреварување.

Сега, останува уште едно место за влез меќу најдобрите, а кандидатите имаат услов да бидат пензионирани пред 1 август 2020 година. Во предвид се земаат комбинираните гласови на навивачите и панелите на Премиер лигата.

Се вчитува...