Уште една селекторска жртва на СП 2026

Уште еден селектор остана без работа откако не ги оправда очекувањата на федерацијата на овој светски шампионат, најнов на листата е Владимит Петковиќ, кој од денеска повеќе не е селектор на Алжир.

Искусниот 62 годишен стратег роден во Сараево две и пол години беше на чело на Алжир, имаше импресивен скор од 30 победи, 10 реми и само пет порази како селектор на оваа репрезентација. Сепак, Петковиќ не го донесе посакуваниот резултат на Купот на Африкански Нации, потоа Алжир не се прослави ниту на овој мундијал, што беше знак за аларм и прекин на соработката.

Алжирците се пласираа во нокаут фазата по контроверзниот дуел со Австрија за кој постојат сериозни сомнежи дека беше договорен да заврши нерешено, со што двете селекции ги продолжуваат настапите на мундијалот. Тоа се оствари, но Алжир веќе во 1//16 финалето беше рутински совладан со 0-2 од Швајцарија, со што беше означен и крајот на ерата на Петковиќ како селектор на оваа африканска репрезентација.

Се вчитува...