Уште едно заминување од Црвена Звезда

Заминувањата од Црвена Звезда продолжуваат, а последен кој го напушти клубот е Бен Бентил. Договорот помеѓу американскиот центар и белградскиот евролигаш заврши и истиот нема да биде продолжен.

Бентил оваа сезона бележеше просек од 8.4 поени и 3.8 скокови во Евролигата, односно 9.4 поени и 3.1 скок во АБА со што не ги исполни очекувањата на српскиот тим.

Се вчитува...