Уште едно заминувaње од Вардар: Никола Ристески потпиша за Силекс

„Егзодусот“ од Вардар продолжува, откако денеска Силекс објави дека потпишала соработка со Никола Ристески. Трансферите од Вардар само ја потврдуваат најавата за најлошото сценарио на „црвено-црните“.

Ристески во минатото беше дел од Ренова, Работнички, Борец, Кит-Го и Еуромилк. Потекнува од младинската школа на Вардар, и игра на позицијата десен бек.

26-годишниот Ристески е четвртото засилување за „четата“ на Горазд Михајлов. Претходно тимот од Кратово се засили со  Халил Мухаремовиќ, Марко Ѓорѓиевски и Хамза Рамани.

Се вчитува...