„Уште на 16 годишна возраст се гледаше дека Карлос ќе биде најдобар во светот“

Антонио Мартинез Каскалес, поранешниот тренер на Хуан Карлос Ферерo, во интервју за шпанските медиуми откри дека Карлос Алкараз покажал неверојатни ветувања уште од неговите рани јуниорски денови.

„Веќе на 16-годишна возраст, беше јасно дека ќе биде број 1. Хуан Карлос ме праша дали Алкараз ќе биде прв во светот, а јас му реков, сигурно ќе биде, под услов да нема проблем со повреди или нешто да му се случи во главата. Уште тогаш беше јасно дека е посебен тенисер, но Фереро исто така се справи многу подобро отколку што очекував“, изјави Каскалес. 

Фереро пак во својата кариера го освои само Ролан Гарос, одигра уште едно финале во Париз и едно во Њујорк, беше број 1, но неговата кариера на врвот не траеше долго.

Се вчитува...