Соединетите Американски Држави размислуваат за ново домаќинств на Светското првенство, иако сегашниот се уште не е завршен.
Извршниот директор на Работната група за Светското првенство на Белата куќа, Ендру Џулијани, изјави дека САД би можеле да бидат во трката за домаќин на Светското првенство во 2038 година.
„Ако се земе предвид дека Светското првенство во иднина би можело да се прошири на 64 екипи, мислам дека Соединетите Американски Држави можат да организираат таков турнир. Сепак, прво да го завршиме ова Светско првенство, а потоа ќе размислиме за кандидатурата за 2038 година или некои последователни изданија“, рече Џулијани.
Светското првенство во 2038 година ќе биде следното за кое ФИФА ќе го отвори процесот на аплицирање. Домаќините на првенствата во 2030 и 2034 година се веќе познати. 100-годишнината од натпреварувањето ќе биде одбележана со турнир во Шпанија, Португалија и Мароко, со воведни натпревари во Уругвај, Аргентина и Парагвај, додека Саудиска Арабија ќе биде домаќин четири години подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
