Уште ова му недостасуваше: Коби Брајант номиниран за Оскар

Легендата на ЛА лејкерс и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, и покрај тоа што повеќе од една година е во пензија, има шанса да добие уште една награда, која е сосема различна од оние кои ги има во својата колекција.

Брајант, поточно неговиот кус анимиран филм „Драга кошарко“, е номиниран за наградата „Оскар“ во истата категорија. Филмот е изработен со помош на познатиот американски аниматор и илустратор Глен Кин, а се базира на писмото кое го напиша Коби во пресрет на неговото пензионирање од кошарката.

Филмот беше презентиран за време на церемонијата во која раководството на франшизата го стави Брајант меѓу легендите и ги пензионираше неговите два дреса, со броевите „8“ и  „24“.

Во својата богата колекција од трофери, Брајант броти пет титули како шампион на НБА, два златни олимписки медали, МВП во регуларен дел од една сезона, два пати МВП во големото финале, а забележа и 18 настапи на „Ол-стар“ натпреварите.

Се вчитува...