Дуелите меѓу Манчестер Јунајтед – Ливерпул, се сметаат за најголеми во англискиот фудбал, но утре фудбалската јавност во Англија ќе го види можеби најголемото „навивачко дерби“.
Саботниот фудбалски дневен термин во Англија ќе го донесе едно од најретките, но и најбрутални дерби дуели, на застрашувачкиот „Ден“, Милвол ќе игра против Вест Хем.
Очите на фудбалските фанови повеќе ќе бидат насочени кон трибините на „Ден“ поради непријателството и омразеноста меѓу навивачите на Милвол и Вест Хем.
London getting ready for Millwall vs West Ham pic.twitter.com/lCUnyr2I2g https://t.co/tdTQE5eGkS
— Championship Terrace Talk (@ChampionshpTalk) September 18, 2026
Поради тоа, полицијата во Лондон е на готовс, за одржување на мирот и редот ќе бидат ангажирани и специјални полициски сили и полицајци кои ќе бидат опремени со средства за сузбивање на нереди. Вкупната бројка на полицајци кои ќе се обидат да ги држат работите под контрола ќе изнесува 400.
Последен пат Милвол и Вест Хем еден против друг играле во 2012 година, на поранешниот дом на „Чеканите“, „Аптон парк“.
Ривалството помеѓу навивачите на двата тима датира од 1880-тите години.
Двата клуба се формирани во работнички и индустриски реони во Источен Лондон. Милвол е формиран во 1885 година од работниците во Џ.Т. Мортон, а десет години подоцна е формиран Тејм Ајронворкс, како што првично се викал тимот кој сега е Вест Хем. Тимот е формиран од работници во бродоградителска компанија во Канинг Таун.
Ривалството на работничките тимови се пресели и на трибините, а во 1970-тите и во 1980-тите години, нивните дуели често се паметеа по насилството и бројните тепачки, а не ретко имало и жртви. Токму навивачите на двата тима се сметаат за најбрутални и најомразени во Англија.
Последниот голем инцидент меѓу навивачите на двата тима се случи во 2009 година во меч од Лига купот и на кој во пресметка пред стадионот со нож бил избоден навивач на Милвол. За време на натпреварот навивачите на Вест Хем неколку пати влегуваа на теренот со цел да се пресметаат со фановите на Милвол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
