Утре ждрепка за бараж за Втората фудбалска лига

Познати се сите прваци на петте Трети фудбалски лиги на Македонија и утре на 25 мај во просториите на Фудбалската федерација на Македонија ќе биде излечена ждрепката за пласман во единствената Втора лига кога ќе биде познато кој со кого ќе игра и во кои градови.

Бараж натпреварите се закажани за 28 мај, откако претходно со ждрепка ќе бидат одредени трите двојки, од шесте клуба учесници во баражот. Тоа се победниците на Третите лиги: Башкими од Куманово /север/, Велазерими од Кичево /запад/, Новаци /југозапад/, Вардар од Неготино /југ/, Осогово од Кочани /исток/ и Тетекс од Тетово како  13-то пласирана екипа на табелата во годинашново првенство на Втората лига. Се игра само еден натпревар.

Трите клуба победници во баражот ќе станат нови членови на единствената Втора лига на Македонија, а поразените екипи нема повеќе да играат. Повторно ќе се влече ждрепка на 29 мај и од тие три клуба, два кои ќе имаат среќа да бидат извлечени ќе се пласираат во Втората лига, неизвлечениот останува во Третата лига.

Како што е познато од Втората лига во годинашново првенство испаднаа Борец Велес, Слога Виница и Локомотива Пехчево, а Тетекс ќе игра бараж за опстанок во лигата.  Од Втората лига Воска од Охрид и Гостивар обезбедија место во Првата лига, нив ќе им прави друштво и скопски Вардар кој во баражот за пласман во најсилната лига во Македонија го победи Скопје со 3:0 со што е комлетиран списокот на учесниците за новата сезона. Тоа се Шкупи, Работнички, Шкендија, Тиквеш, Академија Пандев, Силекс, Струга Трим, Брегалница и Македонија Ѓ.П.

Засега сигурни учесници и во Единствената втора лига во новата сезона се: Пелистер Битола, Беласица, Караорман, Охрид, Саса Каменица, Детонит Плачковица, Кожув, Арсими, Беса, Скопје и Победа. И во новата сезона Втората лига ќе има 16 клуба.

Се вчитува...