Ужасен, „хорор“ пад по забивање… Молк во Минеаполис откако Браун остана „закован“ за подот! (ВИДЕО)

Кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун ќе го памети овој ден и синоќешниот натпревар против Минесота во Минеаполис веројатно до крајот на својот живот.

„Сега сум навистина добар, но не знам што се случи. Забив, падна и потоа изгубив малку контакт со светот. Но, сега сум навистина ОК. Ќе го паметам овој ден засекогаш“ – рече Браун по завршувањето на мечот, во кој го имаше најужасниот, „хорор“ пад по забивање можеби во историјата на НБА.

Нешто невидено досега на НБА паркетите…

Но, откако лекарите интервенираа набрзо кошаркарот на Бостон дојде при себе и на нозе со аплаузи ја напушти салата во Минеаполис.

„Вакво нешто досега не сум видел. Цела сала замолкна. Ова е најужасниот пад кој сум го видел во животот. Среќен сум што на крајот е се добро со Џејлен“ – рече по мечот и клупскиот соиграч на Браун, Ал Крофорд кој за време на целата интервенција на лекарите седна на паркетот во близина на повредениот Браун и се молеше за него.

Се вчитува...