Ужасни сцени на „Сент Џејмс парк“: Салах тешко повреден со солзи го напушти мечот со Њукасл (ВИДЕО)

Ужасни сцени за навивачите на Ливерпул но и искрените љубители на фудбалот од натпреварот на „Сент Џејмс парк“ меѓу Њукасл и Ливерпул во Премиерлигата.

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, Мохамед Салах заработи тешка повреда во второто полувреме кога на него налетаа домашниот голман Мартин Дубравка и стоперите на Њукасл, Скар и Џамал Ласкелс. Египќанецот остана да лежи на теренот, брзо доби и лекарска помош но потоа во солзи го напушти теренот.

Целиот стадион при напуштањето на теренот го награди со овации. Иако, со огромна веројатност, е јасно дека за него сезоната е завршена, останува да се види тежината на повредата на Салах, и дали евентуално постојат минимални шанси да му помогне на тимот во последното коло кога ќе се „крои“ шампионската титула…

Се вчитува...