УЖАСНО: Триумфот на Голден стејт во сенка на страшната повреда на Патрик Мекоу…. (ВИДЕО)

Голден стејт славеше на гостувањето против Сакраменто со 96-112 на синоќешниот дуел во НБА лигата.

Вориорси ја прекинаа низата од три порази, но сето тоа мина во сенка на ужасната повреда на Патрик Мекоу. Тој после скок во контакт со Винс Картер незгодно падна, па на носилки беше изнесен од терен.

Во победничкиот тим најефикасен беше Кевин Дурант со 27 поени и 10 скока, а Клеј Томпсон постигна 25 поени. Кај поразените најефикасен беше Бади Хилд со 19 поени.

Голден стејт и натаму е втор на Западот со 55 победи и 21 пораз, додека Сакраменто е 12-ти со скор 24-53.

Во останатите синоќешни мечеви Бруклин го изненади Мајами победувајќи на Флорида славејќи по продолжение со 110-109. Вашингтон лесно го победи Шарлот со 107-93, а Детроит славеше во „Медисон сквер гарден“ против Никс со 115-109. Бостон во дербито на Источната конференција славеше против водечкиот Торонто со 110-99.

Се вчитува...