Вајлдер: Клоп ме викна на пиво по мечот, другите менаџери се „намќори“

Стратегот на Шефилд Јунајтед, Крис Вајлдер, го пофали Јирген Клоп за односот по дуелот на неговиот тим со Ливерпул. „Црвените“ славеа со 0-1 со среќниот гол на Вајналдум, а Клоп иако беше гостин, го повикал Вајлдер на заедничка средба и чаша пиво.

„Не сум голем фан на шампањ, да бидам искрен не пијам многу, но прекрасно беше да се седне во соба со Клоп. Jас секогаш сум отворен за соработка, но голем дел од другите менаџери се „намќори“ на оваа тема. Затоа, чувството Клоп како европски првак да те покани на пиво беше фантастично“ – изјави Вајлдер.

Шефилд одигра добар натпревар, но немаше среќа да ја затресе мрежата на Алисон.

„Имавме план, да не се браниме, туку да играме храбро. Мислам дека се покажавме во добро светло, но за жал не постигнавме погодок, а на спротивната страна примивме гол по сопствена грешка“ – прокоментира стратегот на Шефилд Јунајтед.

Се вчитува...