Вајли и Бетис конечно победија во шпанската Ендеса

Џејкоб Вајли и неговиот Реал Бетис конечно стигнаа до победа во шпанското првенство, откако во дуелот на двете последно пласирани тима во шампионатот славеа на домашен терен над Реал Сарагоса со 79-69.

Во првото полувреме и двата тима си поделија по една четвртина па на полувреме на семафорот стоеше резултатот 39-40. Исто беше и во вториот дел, но за разлика од првото полувреме домаќините одиграа фуриозно во последниот период што беше доволно за на крајот и убедлив триумф од 79-69.

Македонскиот репрезентативец натпреварот го заврши со четири поени и три скока.

Се вчитува...