Вајли и Будуќност поразени на гостувањето кај Партизан

Македонскиот кошаркарски репрезентативец и неговиот Будуќност доживеаја пораз на гостувањето кај Партизан 75-66 во 9. коло од регионалната АБА лига. Црногорците потклекнаа во првото полувреме кое беше клучно за нивниот пораз бидејќи на пауза имаа негатива од единаесет поени (41-30).

Во третата четвртина избраниците на Александар Џикиќ заиграа подобро и успеаја да се приближат на само минус пет (53-48). Сепак, тоа беше се што успеаја да направат во мечот бидејќи „црно-белите“ одиграа на одлично ниво во последниот период и стигнаа до конечен триумф од 75-66.

Вајли натпреварот го заврши со скромни три поени и шест скока, додека најефикасен беше неговиот соиграч Сили со 21 поен. Кај победникот Смаилагиќ уфрли 18 поени.

Се вчитува...